АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Се запира постапката за спорната 26 седница на Советот на Општина Битола за која следеше инспекциски надзор од Државниот инспектор за локална самоуправа.
Денес, до градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, доставено било известување од страна на Државниот инспекторат за локална самоуправа, во кое се наведува дека од наодите на извршениот контролен инспекциски надзор, за спорната 26 седница на Советот на Општина Битола, за нив овој случај е завршен и дека се ЗАПИРА покренатата постапка.
Ова било утврдено по разговорите со претставниците на општина Битола, градоначалникот на општината и претседателот на Советот, како и со одговорното лице за работа на Советот, во согласност со законските надлежности.
Од страна на претседателката на Совет Габриела Илиевска беше постапено согласно укажувањата, односно веќе беа потпишани актите (четири) донесени на седницата одржана на ден 20.04.2023 година и истите се објавени во Службениот гласник на општина Битола бр.06/2023 година, доставен до Државниот инспекторат за локална самоуправа на ден 07.06.2023 година. Со ова се потврдува дека претседателката Илиевска иако го обжали решението од Државниот инспектор за локална самоуправа, сепак постапи по укажувањата во опомената од Инспекторот, што се потврди и при контролниот инспекциски надзор.
Имено, после жалбата на претседателката на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска, на решението на Државниот инспектор за локална самоуправа и донесеното решение од Второстепена комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, за поништување на Решението со опомена до претседателот на Советот на општина Битола, донесено од страна на Државниот инспектор за локална самоуправа и враќање на предметот на повторна постапка, на ден 30.08.2023 се изврши контролен инспекциски надзор во општина Битола.
Целото решение може да се погледне на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/