2win800x200

Коњановски-ИЗГЛАСАН РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ: ПОТРЕБИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ И НАПРЕДОКОТ НА БИТОЛА ПРОДОЛЖУВААТ ДА БИДАТ ПРИОРИТЕТ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА

Септември 07, 2023
Граѓаните мора да бидат најголем приоритет за Општина Битола. На тоа повикував во целиот изминат период, а посебно во последните 3 месеци, така што денес, можам да им се заблагодарам на советниците за конструктивноста со која на крај, позитивно одговорија на мојот повик и ги усогласија ставовите, така што, сите присутни 27 советници, едногласно ги изгласаа измените и дополнувањата на буџетот, објави градоначланикот Тони Коњановски откако вчера на седницата на Совет беше изгласан ребалансот на буџетот.
 
За првпат во Општина Битола, токму во мојот мандат како градоначалник, сите присутни советници даваат едногласна поддршка на ребалансот на општинскиот буџет.
Ова ми дава надеж дека можеме, заеднички да продлжиме да работиме за интересот на битолчани и за напредокот на Битола.
Токму затоа, веднаш по моето враќање од работната посета на САД, ќе ги повикам сите координатори на советничките групи и претставниците на администрацијата во мојот кабинет, да учествуваат во изготвувањето на 3 годишната развојна програма која треба да биде усвоена до 15 ноември.
Очекувам од советниците, да прифатат реализација и на капиталните инвестиции кои и овојпат беа предложени од моја страна, а на последната седница не беа земени предвид за разгледување од страна на Советот. Истите, се однесуваат на:
- Реконструкција на коловоз на улица Даме Груев крак 1 и2
- Реконструкција на коловоз на улица Даме Груев покрај Железничката пруга
- Реконструкција на улица Буковски мост
- Реконструкција на коловоз на улица 7 ма бригада
- Реконструкција на улица Димитар Тодоровски (11та)
- Реконструкција на дел од улица Индустриска
- Реконструкција на дел од улица Никола Тесла (од улица Влатко Миленковски до Булевар први Мај)
- Реконструкција на улица Влатко Миленковски и Гаврило Принцип
- Реконструкција на улица Леринска
- Изградба на канализација, водовод, нова улица на Дулие (кај ЛИДЛ)
- Доизградба на улицата СРУ 5
- Изградба на улица СТУ 3
- Реконструкција на улица, улично осветлување и атмосферска канализација на улица Владимир Назор (влезот од Прилеп)
- Реконструкција на улица Булевар 1 мај (јужна страна од Црн мост до улица Бранко Радичевиќ)
- Изградба на улично осветлување на новата улица Дулие
- Реконструкција на канализација и водовод на улица Караорман
- Реконструкција на сала во село Бистрица
- Реконструкција на улично осветлување во село Лавци, фаза 1 и 2
- Изградба на водоводна мрежа на локален пат Трново Магарево
Инфраструктурните услови мора да се подобрат во сите населени места. Граѓаните се нашиот приоритет.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани