2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

„Д-р Костурски“ – брендот на битолското приватно здравство слави 20 години постоење

Септември 15, 2023

„Да сте ми здрави и живи сите“ – со благослов д-р Никола Костурски, творец на  приватната здравствена установа „Д-р Костурски“ -Битола им посака добредојде на своите гости на прославата по повод 20 години постоење. Горд и среќен на јубилејот 20 години (8 септември 2003 година) д-р Костурски успеа со висококвалификуван и вреден медицински тим да прерасне во бренд на битолското приватно здравство.

Да се опстои на врвот на битолското и регионално здравство е резултат само на напорна работа, посветеност, инвестирање во капацитети  и во напредна лабораториска апаратура и што можеби е најважно во целата алка најдобрите доктори и медицински кадар кои работат поткрепени со повеќедецениското искуство на д-р Костурски, специјалист по медицинска биохемија.

Нема достапен опис.

Синоќа во хотел „Театар“ Битола, тимот на П.З.У. „Д-р Костурски“ ги собра своите пријатели, соработници, поддржувачи за лично да им се заблагодарат за подадената рака и поддршката да се справат со предизвиците со кои се соочувала установата низ  дводецениското постоење.

Д-р Никола Костурски е неизмерно благодарен на своите вработени со кои чекор по чекор оставаат силен печат на битолското и регионално здравство. Во исто време благодарен на своето семејство за посветеноста кон развојот на П.З.У. „Д-р Костурски“ и горд на внукот д-р Андреј Костурски, кој тргна по стапките на својот дедо.

-Развојниот пат на П.З.У. „Д-р Костурски“ започна во 2003 година кога во областа на Трета реонска, каде веќе постоеја пет амбуланти од општина медицина, две за педијатрија и стоматолошки амбуланти  предизвик беше да се отвори на таа локација и лабораторија како сервис на сите тие амбуланти во реонот. Така почнавме со тим од тројца пожртвувани вработени, една е д-р Силвана Петрова, како носител на дејноста по општа медицина, Андријана Мицевска, Елена Миловановска -лабораториска дејност. За опремувањето на лабораторијата ни помогна ФАРМАХЕМ од Скопје.

Ова беше почетокот  и беше многу тежок затоа што во тоа време само што се приватизираа лекарите од општа пракса и воопшто не се знаеше кој каде ќе праќа пациенти за лабораториски испитувања. Тоа постепено се нормализира за после тоа се создадат услови, да се соберат поени од капитацијата на сите лекари што сработуваат со нас, а на почетокот беа 22 лекари – амбуланти по општа медицина. Собравме одреден број на бодови кои ни го подобрија и нашето финансиско салдо, се присети д-р Никола Костурски на почетоците од формирањето на  П.З.У. „Д-р Костурски“.

Нема достапен опис.

Успешната приказна на П.З.У. „Д-р Костурски“ не може да се замисли без препознатливиот лик на докторката Силвана Петрова Насух, која од првиот ден е најголема поддршка на тимот на д-р Костурски.  

-Дваесет години се трудиме да се водиме од едно мото а тоа е - Ние сме најблиску до вашето здравје. Водено од тоа мото 20 години одлучивме полека, но сигурно да се прошируваме, да бидеме подобри во квалитетот, да стануваме побројни како вработени во организацијата.

Д-р Никола Костурски успеа само со својата желба на пазарот на здравството да понудиме ништо друго освен квалитет, рече д-р Силвана Петрова Насух, специјалист по медицинска биохемија.

П.З.У. „Д-р Костурски“ е здравствена организација која почна со една лабораторија и тројца вработени, за сега да брои 15 вработени и три организациски единици.  

-Првично почнавме да работиме како општа амбуланта со биохемиска лабораторија, а во 2012 година отворена е уште една организациона единица – дијагностичка биохемиска лабораторија, за што доктор петрова ја пративме на специјализација по медицинска биохемија. Дијагностичката лабораторија, на ул. „Цане Василев‟ бр. 5, не само што ја потврди довербата на нашите колеги и на нашите пациенти туку понуди  поширока палета на анализи. По ова отвориме уште една лабораторија на ул. „Партизанска“, сега веќе имаме 15 вработени. Тука е и нашата Општа амбуланта со еден доктор специјалист по семејна медицина и медицинска сестра, која нуди здравствена заштита од примарно здравствено ниво. Имаме двајца  дипломирани инжeнери по применета хемија, двајца  виши медицински лабораториски аналитичари. По ова можам да кажам дека славиме уште еден јубилеј од отворањето на Служба за трудова медицина.  

Со еден збор кажано вложуваме во кадар, во специјализации на нашите лекари. Ова е само накусо кажано за развојниот пат на службата, рече д-р Костурски, посакувајќи им добредојде на присутните со пораката - По дваесет години повторно да се видиме!

За професионалната работа на П.З.У. „Д-р Костурски“ доказ се и стекнатите сертификати од еминентните референтни лаборатории како PREVECAL во Шпанија и INSTADT од Германија. Овие сертификати се доказ за квалитетот на услугите што ги нуди лабораторијата, прецизни и квалитетни резултати.

Нема достапен опис.

Нема достапен опис.

Нема достапен опис.

Нема достапен опис.

Нема достапен опис.

Нема достапен опис.

Нема достапен опис.

Нема достапен опис.

Нема достапен опис.

Нема достапен опис.

 

Нема достапен опис.

Нема достапен опис.

Нема достапен опис.

 Нема достапен опис.

Нема достапен опис.

Нема достапен опис.

Нема достапен опис.

Нема достапен опис.

Нема достапен опис.

Нема достапен опис.

Нема достапен опис.

Нема достапен опис.

А.Блажевска 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани