2win800x200

Надлежните предупредуваат-Патот Битола-Меџитлија се обновува и возењето е ограничено на 30 киломатри на час

Септември 26, 2023

По низата сообраќајки на патот Битола-Меџитлија од кои едната со смртен исход, битолчани реагираат дека час поскоро мора да се постави сообраќајна сигнализација за  да се спречат трагедии. Апелите од битолчани се се' посилни oсoбено од врабоени во „Кромберг и Шуберт“ кои со автомобили одат на работа. 

„Внимавајте кај клучката за с. Породин на патот Битола - Меџитлија има возвишение од новиот слој на асфалт и е одлично скокче за во шамаците од десна страна. Вечерва пак имаше незгода за среќа без материјална штета и последици. Пред недела дена на истото место имаше и смртен случај. Возете нормално и според условите на патот ова е 5, 6 или повеќе незгода на ова место. Апел до надлежните подобро да ја обележат и осветлат со трепкачи ова црна точка“, реaгираат битолчани на социјалните мрежи.

Првиот човек на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми, во разговор за АПЛА.мк предупредува дека патот е во рехабилитација и дека за него важи времена сообраќајна сигнализација која ќе трае до крајот на октомври, па од таму предупредува возачите да се придржуваат на сообраќајните значи поставени на патот и да не возат побрзо од 30 киломатри на час. 

„Патот Битола-Меџитлија е во фаза на рехабилитација, тоа значи дека има сигнализација која е посебен режим на сообраќај. Дури да заврши обновата, и дури да се направи технички прием на патот нема да биде поставена трајна сигнализација. Тоа би значело дека до крајот на октомври ќе важи времената сигнализација. Во момент кога има рехабилитација, тоа значи дека владеењето на тој пат е кај изведувачот и има времен режим кој  е одобрен од МВР и Министерството за транспорт и врски. Таму имаме посебна сигнализација каде брзината на возење е на 30 километри на час. Учесниците во сообраќајот треба да ја почитуваат сообраќајната сигнализација. Има места каде што нема втор слуој на асфалт и сега се поставува, токму заради тоа и заради не завршениот пат кој треба да комплетира и по краевите и  не смее да се вози над дозволената брзина. Ако с евози по пропис нема да дојде до сообраќајки“, порачува првиот човек на ЈПДП, Рустеми. 

Според портпаролот на СВР Битоа Сања Стаматова во последните две недели на овој регионален пат се случиле 4 сообраќајки, една со смртен исход, две со тешки телесни повреди и една со полесни телесни повреди.  

Пред десет дена, 42 годишен битолчанец загина во сообраќајна несреќа вечерта околу 21.40 часот на патниот правец А3 Битола-граничен премин „Меџитлија“ во близина на крстосница со патот за село Породин кон Меџитлија.

Според СВР Битола до несреќата дошло кога патничко моторно возило „рено клио“ со битолски регистарски ознаки, управувано од жител на битолското село Кравари, излетало надвор од коловозот. Од здобиените повреди на лице место починал возачот.

А,Блажевска 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани