2win800x200

Илиевски од централата на СДСМ во Скопје-Две години локална власт, ДПМНЕ и Коњановски ги изневерија битолчани

Октомври 29, 2023
https://www.facebook.com/SDSMakedonija/videos/377805574767721/?locale=mk_MK

Координаторот на советничката група на СДСМ во Советот на Општина Битола, Методија Илиевски одржа прес конференција во седиштето на партијата во Скопје.

Текстот ви го пренесуваме интегрално 

линк- https://www.facebook.com/

 

Поминаа 2 години, половина од мандатот како локална власт на Коњановски и ДПМНЕ во Битола. Заклучокот е поразителен: ДПМНЕ ги изневери граѓаните. Нема проекти. Нема резултати. ДПМНЕ и Коњановски ги покачија сметките за данок на имот за 300%. Го поскапија паркингот, ги уникаа слободните 15 минути, а нови паркинг места нема! Гарантираа инвестиции и нови работни места. Нова инвестиција нема! Срушија трафики и затворија мали бизниси од кои стотици битолски семејства егзистираа! Коњановски гарантираше нови кружни текови, а единствениот што започна да го гради после 2 години го погреши. Автобус не може да помини! Гасоводот и топловодот се пред Битола, а Коњановски нема изградено една педа од топловодната и гасоводната мрежа низ градот! Нема ново основно училиште, нема нова зграда за пожарникарите, нема нов мултифункционален спортски комплекс, нема рекреативен центар во Смолево! Го нема ниту реконструираниот планинарски дом Копанки! Коњановски ветуваше нов парк во нова Битола со авантуристички содржини, а цели две години му требаат за паркчето четири пати помало од ветеното! И тоа уште не е завршено! Коњановски и ДПМНЕ за две години во Битола потрошија над 60 милиони евра! Резултати нула! Коњановски и ДПМНЕ ги изневерија битолчани. Битола наместо да се развива со Коњановски и ДПМНЕ назадува. ДПМНЕ не ја оправда довербата од битолчани дадена на локалните избори. ДПМНЕ ги разочара, ги изневери граѓаните на Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани