2win800x200

Компаниите од Пелагонија и Преспа бараат автопат, недостига и кадар, па се увезува од Непал

Ноември 01, 2023

Преспанско-пелагонискиот Регион е производтвената локомотива за економски влез на Македонија во Европа, но попусто кога нема патишта за таа да се движи, беше кажано Форумот за унапредување на регионот што се одржа по иницијатива на Стопанските комори од Битола и Прилеп. Бизнисмените се пожалија дека фирмите од Пелагонија и Преспа трпат загуби, имаат намален извоз и производство зашто немаат автопат, а не работи ни железничкото повзрување со Грција. Во вакви услови Регионот кој до 1998 година даваше 22 проценти од бруто домашниот производ, со 250 000 тони јаболка, 90 000 тони пченица, 15 000 тони тутун, сега придонесува само со 13 проценти од БДП.

„Потребна ни е патна инстраструктура, која за жал 30 години сме ја барале преку бројни средби, а до денес автопат немаме. Се вети некој брз пат за Грција и тој го чекаме, како и автопатот Прилеп- Битола. Многу значаен ни е и гасоводот кој го чекаме три години и евтина зелена енергија. Имаме скап транспорт. Има компании кои испорачуваат дневно и по пет шлепери со производи, но не се конкуретни, скап и долг е транспортот. Инвестицијата во автопат ќе се исплати за пет години со оглед на тоа дека кон овој регион гравитираат 10 милиони граѓани од кај нас, Грција и Албанија. И овој ќе биде многу користен коридор, а ќе се растовари автопатот преку Гевгелија“, рече Мирко Велковски, претседател на Регионалната комора во Битола.

Во меѓувреме додека се чекаше изградба на подобра инстраструктура заснаа компании кои работеа со децении во Битола, како Пиварницата, Шеќераната, Квасарата, а производството на пченица се намали од 90 000 тони на 45 000 тони. На форумот беше кажано дека Грција треба да направи уште 20 до 30 километри од својата железница за да се поврзи со Меџитлија.

„Ќе одиме до Солун, сакаме и бараме од Грција да го заврши делот од пругата за да се поврзи со онаа од битолскиот дел. Нашата пруга е подготвена, но ѝ фали 20 до 30 километри на Грција да се поврзат со нашиот дел. Бараме да заполчне и проект за да се изгради станица за товар и растоват на стока. Железничкиот транспорт чини многу поевтино“, рече Велковски.

Покрај лошата инстраструктура и скапиот транспорт, голем проблем за Регионот станува и недостигот на работна сила, па некои компании ќе увезуваат работници од Непал.

„Репродукацијата на кадри е многу слаба. Увозот на работна сила не е воопшто ефикасен, тој е долг, макоитрпен, тежок. Не направивме промена на регулативата во Законот за увоз на работна сила. Увоз на работна сила ние конкретно имаме од Непал. Досега требаше седум девоијки да бидат тука во октомври, а сега последната инфомација е дека ќе дојдат во јануари. Одредени индустрии имаа намлен прилив на порачки од европоските пазари зашто купувачите знаат дека немаме човеков капацитет“, рече Ирена Ирена Јакомоска, основач на компанијата „Комфи Ангел“ и претседателка на Стопанската комора од Прилеп.

Таа доаде дека декларацијата што ќе произлезе од форумите нема да биде уште еден лист изгужвана хартија и фрлена во историјата туку нивните десет божји заповеди со кои ќе бидат условени и сите идни политички чинители во земјава.

Ж.Здравковска 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани