АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Дваесет експонати од постојаната музејска поставка на Завод и музеј-Битола, како и фасади од Широк Сокак се претставени на првите тактилни слики изработени од месинг во Македонија, со цел уметноста и архитектурата да им се доближат на слепите и лицата со оштетен вид.
„Изложбата е направена во соработка со двајца уметници- кујунџии од Скопје. Новина е што на секој од месинганите експонати е инсталиран НФЦ таг кој паметниот телефон лесно го препознава и води до аудио нарација и видео на знаковен јазик. Месинг е избран за да се долови металот од кој некои артефакти се изработени. Доколку сакате некому да доловите пафта, направете ја од метал. Уметничките слики кои не можат да се направат како копија со платно и со четка, се обидовме со месинг“, рече Ирена Ружин, иницијатор на проектите за пристапност во Завод и музеј- Битола.
Оваа мултисензорна изложба со цел да биде достапна за посетители со различни попречености.
„Постојаната музејска збирка брои преку 2000 предмети, а од нив имаме изработено видеа на заковен јазик за лица со проблеми со слух и говор и стотина тактилни слики за оние со оштетен вид. Се трудиме на тој начин да се подобри пристапот до музејската поставка. Се надевеме дека во иднина ќе имаме и посебна секција каде слепите лица ќе можат самостојно да го доживеат нашиот музеј“, рече Јове Парговски , еден од изработувачите на сликите и стручен соработник за документација во Завод и музеј Битола.
Ж.ЗДРАВКОВСКА