СКИНАТА ЕДНА ОД ГЛАВНИТЕ ВОДОВОДНИ АРТЕРИИ, ЕКИПИТЕ РАБОТАТ НА ТЕРЕН, ВОДА ЌЕ ДОЈДЕ ДОЦНА ВО НОЌТА

Декември 01, 2023

 

 
Половина Битола, од која централното подрачје, како и делови од соседните општини Новаци и Могила се без вода откако при интервенција на инфраструктура на улицата ,,Стив Наумов" приватна фирма скина една од главните водоводни артерии на градот. Без вода се пониските населби од Битола. 
 
Директорот на Јавното претпријатие,,Водовод" Пеце Милевски изјави дека дефектот не е предизвикан од нивна страна. Тој вели дека екипите се на терен и работа за да се создадат услови за отстранување на дефектот. Домаќинствата вода можат да очекуваат вода доцна во ноќта. 
 
 
,,Прекината е голема цевка Ф 600 железна лимена.Го затворивме главниот резервоар Овчи Баир од каде со вода се снабдува ниската зона од градот. Тоа е направено со цел водата што е во системот да се испразни за да може да се санира дефектот. Потоа ќе го отвориме резервоарот за пак да се наполнат цевките и граѓаните да добијат вода", рече Милевски. 
 
За да се испразни системот отворени се и хидранти  на неколку места кај Центарот за култура, Библиотеката и други. 
 
Битолски Водовод прати цистерна со питка вода низ населбите за да се снабдат граѓаните. Но, претпријатието располага само со една цистерна која е малку за да се снабдат сите населени места кои се без водоснабдување. 
Ж.ЗДРАВКОВСКА 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани