2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

МЕЏИТИ И СПАСОВСКИ ВО БИТОЛА ДОЛЕТАА СО ХЕЛИКOПТЕР ПРОМОВИРАЈЌИ ГО ВОДУШНИОТ ТРАНСПОРТ ЗА ИТНИ ПАЦИЕНТИ

Декември 17, 2023

Министрите за внатрешни работи и за здравство Оливер Спасовски и Фатмир Меџити до Клиничката болница во Битола долетаа со хеликоптер како пробен лет со цел промовија на две летала на МВР кои во иднина ќе се користат за итен транспорт на пациенти од болници од внатрешноста до ГОБ „8 Септември“ во Скопје. Опремата за хеликоптерите е обезбедена од словенечката полиција, а со пациентите ќе лета и медицински тим составен од доктор и сестра од скопската општа болница.

Министерите дојдоа со задоцнување од педесетина минути зашто хеликоптерот уште од првиот ден беше ставен во функција за транспорт на пацинет. Со него од тешко пристапен терен кај Буковиќ, Тетовско, беше траснпортиран ловец со скршеница на ногата до скопската болница.

„Ова беше добро промовирање за почеток, но за несреќа на пацинетот кој сепак беше во доброа општа состојба. Имаше скршеница на десната нога на глуждот. Беше на непристапно место за Итната медицинска помош. Со ова докажуваме дека грижата за пациентите ни е пред сѐ“, изјави министерот за здравство Меџити. .

d4c8aedb e20c 4524 9950 caadc8846b7b

Тој посочи дека ова е значаен исчекор за заштита на пациентите и осовременување и усовршување на  здравствениот систем. Со оваа соработка меѓу двете министерства се овозможува заедничко дејствување на припадниците на Хеликоптерската единица при МВР и здравствените установи.

„На овој начин овозможуваме побрз транспорт на пациентите до здравствените установи кој е од исклучителна важност за ургентните состојби, првиот час по настанување на критична здравствена состојба. Ние лекарите го нарекуваме златен час и токму во тоа време соодветна интервенција значително ги подобрува шансите за позитивен исход“, додаде Меџити.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека брзината на транспортот на пациенти од било кој крај на Македонија до Скопје ќе биде завршен најдолго за четириесетина минути. Тоа е значително пократко време отколку транспорт со амбулатски возила.

43408bc2 dc46 48b1 82d3 e3d1f2b11151

Заменичката министерка за здравство Маја Манолева соопшти дека опремата опфаќа монитори за следење витални параметри и инвазивен мониторинг, дефибрилатор, кислородна боца, аспиратор, како и лекови и други медицински инструменти.

Директорката на болницата Елизабета Ивановска рече дека ова ќе биде транспорт наменет за  акутни ургентни состојби во интерната медицина, педијатрија, постпородолни компликации, неуризма, тешки трауми, сообраќајни несреќи и слично.За сите нив треба да се изработат прво сите неопхопдни лекување во нашата болница, а понатаму да се направи проценка од конзилијарен тим за транспортабилноста на пациентот, рече Ивановска. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани