АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Веднаш после полноќ, битолчани од пред платото на Офицерски дом, ги испратија планинарите на традиционалниот, 13 по ред , прв спортски настан во годината во организација на Олмпус Монс со симболично име Први на први.
По патеката долга 13 км до врвот Пелистер на 2601 метар, годинава се искачија 80 учеснци од цела Македонија и испратија порака ""Се што ни треба е љубов". Меѓу планинарите имаше 28 девојки, но вистински подвиг направи 13 годишниот Јаков Мицевски, кој во исклучително тешки временски услови стигна до целта. Иако поради невремето не успеа да ја оствари својата најголема желба, како што рече пред искачувањето, и да го види изгрејсонцето од Пелистер, тој е херојот на годинешниот планинарски марш
-Oваа година е тринаесето по ред искачување на 01.01. со цел да се дочека првото изгрејсонце во новата година. Учество зедоа 80 планинари од цела Македонија. Искачувањето траше 5:30 часа. Временските услови од над 2100мнв беа крајно неповолни со ветар од над 70 km/h и температури од -10 степени целзиусови и видливост не поголема од 10метри. Овој пат планината не ни ја покажа својата убавина, туку ни ја покажа целата нејзина суровост. 13 годишниот Јаков Мицевски од Битола е херојот на овогодинешниот настан Први На Први, и верувам дека е единствениот во Мakedonija кој во отежнати зимски услови успеал да се искачи на 2.601мнв СЕ ШТО НИ ТРЕБА Е ЉУБОВ е пораката со која од Врв Пелистер испраќаме најискрени желби за успешна 2024 година ширум цела Македонија. Ви посакуваме многу љубов, топлина, здравје, среќа и успеси во новата година. СРЕЌНА НОВА 2024 ГОДИНА, рече Иванчо Тошевски, планинар од Олимпус Монс