КОЊАНОВСКИ ОБВИНУВА-СО ГРУБО КРШЕЊЕ НА ДЕЛОВНИКОТ, ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА СОВЕТОТ ЈА СПРЕЧУВА РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ПРОЕКТИ СО ДОНАТОРСКИ СРЕДСТВА ВО БИТОЛА

Февруари 06, 2024
Пред Вас е дневниот ред на 37-мата седница на Советот на општина Битола, закажана за 12 февруари, во кој, за жал, не се најдоа предложените точки од моја страна, по поднесената иницијатива за седница на Советот, за два квалитетни и значајни проекти за граѓаните на Битола реконструкција на објектот Парк и велосипедските патеки.
Повторно се враќаме на почетокот на новите игри на надмудрување, во кои никој од нас не е победник, а граѓаните на Битола можат да бидат само губитници, обвинува градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски.
Во името на континуираната транспарентност и отчетност на работењето на оваа локална самоуправа, постојано до советниците, заедно со општинската администрација, ги доставуваме сите иницијативи, предлози и програми за работа. Гледаме во работата да ги вметнеме подеднакво забелешките и барањата на сите советници, вклучително и на опозицијата. Јас како градоначалник, имам доблест и да се извинам во насока на подобра функционалност, но НЕ и да работам на штета на граѓаните на општина Битола.
Дали со тоа што овие две точки не се ставени на дневен ред, значи дека Биточани не заслужуваат да имаат велосипедски патеки и реконструиран објект „Парк“?
Дали тоа значи дека одбиваме средства од донатори, во конкретниот случај од Министерството за култура за објектот „Парк“ и од ЕУ преку проектот Smart4you2 за велосипедските патеки?
Дали претседателката на Советот, испраќа јасен сигнал до донаторите, сеедно дали се домашни или меѓународни, дека не се добредојдени во Битола и дека нивните средства не се значајни за развој на Битола, а со тоа и за создавање подобри услови за живот на битолчани?
Многу прашања остануваат нејасни, по ваквиот чекор и предложениот дневен ред на следната седница на Советот, а при тоа претседателката на Советот грубо го крши член 54 од Деловникот за работа на Советот.
Повторно, во духот на мојата транспарентност, упатувам апел да надвладее разумот и сите заедно да работиме за напредок на градот и подобра иднина на Битолчани, обвинува Коњановски.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани