АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
-Ајде, со среќа да ни е денешната спогодба и соработка, рече генералниот директор на РЕК-Битола, Васко Ковачевски на денешното потпишување на меморандуми за соработка со градоначалниците на општините Битола, Новаци и Могила, Наташа Петровска, Љубе Кузмановски и Јасмина Гулевска.
Според првиот човек на РЕК-Битола , комбинатот сака да им помогне на соседните општини во делот на економијата, социјалата и пред се во екологијата.
-Комбинатот РЕК-Битола којшто е во состав на А.Д ЕЛЕМ, не само што е најголем производител на електрична енергија во Р. Македонија, туку и компанија којашто е општествено одговорна и својата одговорност ја темели врз декларацијата за општествена и социјална одговорност. Токму затоа ги потпишуваме меморандумите за соработка со општините Битола, Новаци и Могила, бидејќи кај овие општини можеме да помагаме и соработуваме во делот на надлежностите на локалната самоуправа , екологијата, образованието, инфраструктурата, комуналните дејности. РЕК-Битола помагал и натаму ќе помага, беше категоричен Ковачевски .
Соработката меѓу општина Новаци и РЕК-Битола е во континуитет над две децеении, а во иднина таа ќе се фокусра во најголем дел на екологијата и пошумувањето, велат од општината.
-Денеска го потпишавме меморандумот со РЕК-Битола, А.Д Елем но тоа не значи дека денеска почнува соработката со оваа институција, ние уште од 1996 година со формирањето на Општина Новаци имавме соработка , а ова е само официјализирање на сето тоа. Имаме заедно реализирано повеќе проекти и се надеваме дека во иднина се ќе се движи во насока на екологијата, а секако дека имавме проекти и во делот на образованието, рече градоначалникот на Општина Новаци, Љубе Кузмановски.
И за Општина Могила овој меморандум не само што ја зацврстува соработката со РЕК-Битола, туку тоа ќе значи воведување на подобри практики во делот на животната средина , туризмот и образованието.
-Со средства од Министерството за животна средина кои произлегуваат токму од загадувањето на комбинатот РЕК-Битола, Општина Могила со 2, 8 милиони денари ќе гради два нови паркови во населените места Будаково и Мусинци, изјави градоначалничката на Општина Могила, Јасмина Гулевска.
Честитајќи им го празникот на рударите, со желби за добро здравје, градоначалничката на Битола, Наташа Петровска рече дека меморандумот е само потврда за успешната соработка во интерес на граѓаните.
-Ингеренциите коишто ги има секоја локална самоуправа во голем дел се поклопуваат со можност за поддршка од РЕК-Битола, сме ја имале во сиот изминат период со стучен кадар но и финансиска помош. Ова што денес се случува е само потврда на таа соработка, продлабочување на истата и овозможување практично за уште поуспешно заедничко делување за сите граѓани во следниот период, рече градоначалничката на Битола, Петровска.