АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Помина една година од трагедијата со малата Јана Христовска од битолско Кравари која по примена инфузија почина во Битолската болница. Истрагата покажа дека немало лекарска грешка за прераната смрт на малото девојче. Неколку месеци по трагедијата родителите на Јана, Христина и Стојче се иселија во странство. Таткото на шестгодишната Јана Христовска во изјава за Апла тогаш кажа дека до трагедијата дошло поради тоа што на неговата ќерка во моментите кога имала покачен шеќер во крвта ѝ дале гликоза во инфузија. Девојчето беше родено здраво кажаа родителите. Таткото Стојче Христовски тврдеше дека кога шеќерот во крвта на Јана бил 9 со инфузијата нагло скокнал на 19 единици. Основното јавно обвинителство од Битола констатира дека нема елементи на кривичното дело Несовесно лекување болни, за ниту еден здравствен работник инволвиран во лекувањето на детето.
На Фејсбук, родителите денеска ја споменуваат со потресни зборови