Алексеј Белевски - V одд. од класата по пијано на проф.м-р Марија Шамоска Буџаковски е добитник на прва награда и златен медал на Интернационалниот натпревар за млади музичари во Њујорк, САД. Во силна конкуренција на учесници од 16 држави ширум светот, оценуван од 12 члена еминентна комисија на врвни пијанисти од САД, Австрија, Германија и Кина, младиот Алексеј беше избран да настапи на концертот на победниците во светски познатата сала Carnegie
Hall во Њујорк.
Честитки за големиот успех на нашиот ученик Алексеј и на неговата професорка Марија за работата, посветеноста и љубовта која му ја дава секојдневно. Исто и за поддршката од неговото семејство за реализација на овој настап кој е од голема важност за неговиот пијанистички развој.