2win800x200

Министерката и СДСМ Битола НЕОСНОВАНО се жалеле на новинарката Анета Блажевска и Апла.мк, одлучи Советот на етика во медиумите на Македонија

Април 28, 2024

Министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска и ОО на СДСМ Битола НЕОСНОВАНО се жалеле до Советот за етика во медиумите во Македонија на текстот објавен во АПЛА.мк од новинарката Анета Блажевска под наслов „Министерката потклекна пред гласачите“  https://apla.mk/direktno/

Во долуката на СЕЕМ стои дека „текстот, објавен во онлајн медиумот Апла (apla.mk) со наслов „Министерката потклекна пред гласачите“ на 17.04.2024 година, е во согласност со професионалните и етичките стандарди и со него не се прекршени Кодексот на новинарите на Македонија, ниту Насоките за етичко известување на онлајн медиумите. Бисера Костадиновска Стојчевска за Апла.мк.pdf

Б1

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ НА МИСЛЕЊЕТО

Комисијата го разгледа спорниот текст и утврди дека станува збор за тема од јавен интерес. Основна причина е тоа што станува збор за јавна личност која се занимава со политика, која е именуван функционер во извршната власт и се кандидира за изборна функција пратеник на претстојните парламентарни избори. Комисијата утврди дека текстот кој што се состои од фотографии и коментар, на ниту еден начин не го нарушува Кодексот. Комисијата се согласува со образложението во одговорот на медиумот, иако не смета дека со претставката станува збор за притисок врз новинарот и медиумот, бидејќи и политичарите и политичките партии, исто како и секој во општеството, имаат право да изразат незадоволство од работата на медиумите до саморегулаторните тела во СЕММ и при ЗНМ. Изворот на фотографиите е јавен – Фејсбук профил на ОО на СДСМ Битола, како и Фејсбук профил на политичарката, нејзината објава е јавна, а новинарите пак, имаат право да коментираат и според Кодексот на новинарите. Иако може да се толкува дали насловот е злонамерен, Комисијата смета дека со насловот прецизно е опишана фотографијата, а конечно оцени дека може да се толкува и во позитивен контекст за министерката, затоа што работата на политичарите по дефиниција подразбира нивна потчинетост во однос на гласачите. Комисијата не најде прекршување на ниту еден член на Кодексот, вклучувајќи го и член 14 кој упатува на внимателност и балансираност при известување од изборен процес, како и членот 10 кој забранува говор на омраза и други видови дискриминациски говор. Во Принципите на однесување на новинарите, преамбула на Кодексот се наведува дека новинарите имаат улога да пренесуваат информации, идеи и мислења и право да коментираат. Во членот 10 од Кодексот се наведува: Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…). Комисијата во објавениот текст со фотографиите не можеше да најде ниту еден елемент на сексуална дискриминација и говор на омраза како што наведува жалителката во претставката, ниту која е и да е друга форма на непримерен говор или елемент со кој би бил прекршен Кодексот на новинарите на Македонија. Во работата на Комисијата учествуваа членовите Мирче Адамчевски, Сефер Тахири, Теофил Блажевски, Снежана Трпевска, Мери Јордановска и Димитар Мицев.

Министерката се жалела дека  

Во претставката меѓу другото стои: Јас, Бисера Костадиновска Стојчевска, во улога како политичар, но пред се како жена, мајка и сопруга, се обраќам со сериозна загриженост и страв за неприфатливите сексистички напади, говорот на омраза, интернет булингот, што се насочени изминатиот период кон мене. Притоа е наведен линкот на порталот со спорниот текст, па во претставката се наведува: Добив информации за интернет постови, слики, коментари, случаи на неетичко однесување, закани, сексистички застаршувања, напади и злонамерно напаѓање врз мојата личност, преку интернет и интернет канали на комуникација. Овие напади не само што се негативни за моето лично достоинство, туку и создаваат токсична околина во која се чувствувам исплашено и несигурно. Овие напади претставуваат форма на сексуална дискриминација и говор на омраза, што се против законот и вредностите на нашето општество. Затоа, се обраќам до надлежните институции и ја поднесувам оваа пријава, со надеж дека ќе се преземат соодветни мерки и верувам дека е неопходно да се превземат мерки за заштита од онлајн сексизам и булинг.

 

АПЛА.мк и Новинарката Анета Блажевска одговорија 

ОДГОВОР НА МЕДИУМОТ До Жалбената комисијата на СЕММ, преку Извршната канцеларија на 19.04.2024 е упатен одговор од медиумот во кој во целост се отфрлаат наводите од жалбата. Притоа, е наведено: Почитувани, ја добив претставката и лично ја почувствував како најдрастичен пример на заплашување на новинар во изборен процес, кој е во тек, од кандидат за пратеник и актуелен министер за култура. Јавна личност, политичар треба да биде отпорен на јавна критика, со оглед на тоа што извршува јавна функција и зема плата од државата! Фокусот на објавената содржина во Апла.мк е високо позиционирана јавна и политичка личност, која самата по себе е легитимна новинарска цел. Оттука, сметам дека мојот изнесен став е дозволен и не излегува од рамките на слободата на изразување. Прво, фотографијата е јавно објавена на Фејсбук профилот на министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска и на Фејсбук страната на ОО на СДСМ Битола. Јас не ја фотографирав за да „манипулирам“ или да ја чекам да зафати поза. Не. Но, бидејќи се работи за нестандардна поза, јас како новинар си зедов за право да ја коментирам. Бул. Митрополит Теодосиј Гологанов 54/2 1000 Скопје, Македонија www.semm.mk Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. (02) 3222-595 Имам право да го изнесам својот став како новинар на јавно објавена фотографија. Се’ што е напишано во текстот е мој коментар и мој став на таа јавно објавена фотографија и стојам зад тоа, ако треба и на суд. Второ, министерката и кандидат за пратеник Костадиновска-Стојчевска оваа фотографија ја објави неколку дена пред почетокот на изборната кампања за парламентарните избори, каде е кандидат за пратеник, значи таа влезе во кампања пред законскиот рок (тоа се потврдува од дата на јавно објавените информации на Фејсбук профилите на политичарката и ОО на СДСМ Битола). Оттука, категорично ги отфрлам клеветите дека сум ја ставила во подредена положба како кандидатка за пратеник во македонското Собрание. Објавата не е злонамерна, ниту тенденциозна шпекулација на новинарката. Фотографијата е реална. Во текстот, тврдам дека нема неточни, лажни или злонамерни информации, говор на омраза и дискриминација. Ова е класичен пример на попречување на слободата на говорот од страна на Бисера Костадиновска-Стојчевска, на еден локален новинар и медиум, од позиција на актуелен министер за култура и носител на јавна функција. Тврдам дека не ги прекршив ниту етичките, ниту професионалните стандарди во новинарството. Во Член 3 од Декларацијата за слобода на политичката расправа во медиумите (Комитет на министрите на 872 состанок од 12.12.2014), се вели: „Одлучувајќи да апелираат на довербата на јавноста, политичките личности прифатиле да бидат предмет на јавна политичка расправа, па со тоа подлежат на постојан јавен надзор и потенцијално жестока и силна јавна критика преку медиумите во однос на начинот на кој ја извршувале или ја извршуваат својата функција“. Ова подразбира дека и кандидатот за пратеник Костадиновска-Стојчевска треба да има пошироки граници на прифатлива критика како политичар. За разлика од лицата кои не носат јавна функција, политичарите неизбежно и свесно се изложуваат на остро испитување на секој нивни збор и дело, фотографија, како од страна на новинарите, така и од страна на пошироката јавност и, според тоа, мора да покажат поголем степен на толеранција.

 

Не само што се жалеле министерката Бисера Костадиновска, туку се жалела и ОО на СДСМ во Битола чии претседател е Драган Крајовски. 

ОО СДСМ - Битола за Апла.мк.pdf

с1

ОДЛУКА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЖАЛБИ Со текстот со наслов , „Министерката потклекна пред гласачиите “ објавен во онлајн медиумот Апла на 17.04.2024, не се прекршени етичките правила, поточно, ниту еден член од Кодексот на новинарите на Македонија. ОБРАЗЛОЖЕНИЕ НА МИСЛЕЊЕТО Комисијата го разгледа спорниот текст и утврди дека станува збор за тема од јавен интерес. Основна причина е тоа што станува збор за јавна личност која се занимава со политика, која е именуван функционер во извршната власт и се кандидира за изборна функција пратеник на претстојните парламентарни избори. Бул. Митрополит Теодосиј Гологанов 54/2 1000 Скопје, Македонија www.semm.mk Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. (02) 3222-595 Комисијата утврди дека текстот кој што се состои од фотографии и коментар, на ниту еден начин не го нарушува Кодексот. Комисијата се согласува со образложението во одговорот на медиумот, иако не смета дека со претставката станува збор за притисок врз новинарот и медиумот, бидејќи и политичарите и политичките партии, исто како и секој во општеството, имаат право да изразат незадоволство од работата на медиумите до саморегулаторните тела во СЕММ и при ЗНМ. Изворот на фотографиите е јавен – Фејсбук профил на ОО на СДСМ Битола, како и Фејсбук профил на политичарката, нејзината објава е јавна, а новинарите пак, имаат право да коментираат и според Кодексот на новинарите. Иако може да се толкува дали насловот е злонамерен, Комисијата смета дека со насловот прецизно е опишана фотографијата, а конечно оцени дека може да се толкува и во позитивен контекст за министерката, затоа што работата на политичарите по дефиниција подразбира нивна потчинетост во однос на гласачите. Комисијата не најде прекршување на ниту еден член на Кодексот, вклучувајќи го и член 14 кој упатува на внимателност и балансираност при известување од изборен процес, како и членот 10 кој забранува говор на омраза и други видови дискриминациски говор. Во Принципите на однесување на новинарите, преамбула на Кодексот се наведува дека новинарите имаат улога да пренесуваат информации, идеи и мислења и право да коментираат. Во членот 10 од Кодексот се наведува: Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…). Комисијата во објавениот текст со фотографиите не можеше да најде ниту еден елемент на сексуална дискриминација и говор на омраза, ниту која е и да е друга форма на непримерен говор или елемент со кој би бил прекршен Кодексот на новинарите на Македонија. Во согласност со наведеното, Комисијата одлучи како што е погоре наведено. Во работата на Комисијата учествуваа членовите Мирче Адамчевски, Сефер Тахири, Теофил Блажевски, Снежана Трпевска, Мери Јордановска и Димитар Мицев.

 

Анете Блажевска 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани