2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Иницијативата за формирање на јавно претпријатие за градски паркинзи го помина првиот филтер

Септември 06, 2018

На денешната седница на Комисијата за јавни комунални дејности при Советот на општина Битола, усвоена е иницијативата на советничката група на СДСМ за започнување постапка за формирање на јавно претпријатие кое ќе упаравува со градските паркинзи.

-Во наредниот период, по извршената анализа, се овластува градоначалникот на Општина Битола да ги преземе сите законски дејствија за основање на ова претпријатие. На комисијата сите присутни членови едноглано гласаа за оваа инцијатива, изјави Методија Илиевски, советник од СДСМ во Советот на Општина Битола.

Но, на комисјата не присуствувале членовите од опозицијата. Каков е нивниот став ќе се знае утре, кога оваа иницијатива ќе се најде пред советниците на Седницата на општинскиот Совет.  како  прва точка на дневен ред. 

Со градските паркинзи во Битола, од 2013 година управува приватен концесионер, а битолчани постојано имаат забелешки на зонското паркирање во градот.

На сегашниот концесионер, договорот му истекува во јуни следната година, а до тогаш треба да заврши целокупната постапка за формирање на општинско јавно претпријатие кое ќе го преземе управувањето со паркинзите во Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани