Градоначалничката Наташа Петровска на велосипед се приклучи кон настанот ,,Битола на точак" што попладнево се одржува во Битола. Неколку десетици битолчани на точаци возеа низ предлог рутата за велосипедски патеки која оваа група граѓани ја обележа низ градот.
Целта е промовирање на предлог идеата и мапа за проектот за безбедна вело инфраструктура со фокус на вело патеките во Битола.