2win800x200

Europe House Bitola Ве поканува на заедничко ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ДЕНОТ НА ЕВРОПА, а воедно и првиот роденден

Мај 14, 2024

НИЕ СМЕ ТУКА, ТИ КАЈ СИ?

 

 15 MAJ | СРЕДА | EUROPE HOUSE BITOLA / ОФИЦЕРСКИ ДОМ | 20:00 ЧАСОТ
8%? - Вербатим / Документарна претстава

Претставата "8%?" е работена според истражување и интервјуирање на лица од различни градови во државата кои биле изложени на дискриминација, семејно насилство и системски неправди. После неколку месеци истражувачка фаза на која работеа режисерот, ко-авторот во соработка со актерите и интервјуираните лица во претставата се раскажуваат различни непријатни вистини кои се сензитивни за македонскиот народ како и за системот. Вистини кои лицата се плашат да ги кажат на глас. Вистини кои друштвото не ги препознава или најстрашно - ги одбегнува. Заклучокот од истражувањето и пораката на АТО Центар заедно со театарскиот тим до јавноста е дека: "Системот сме ние, и ние го градиме системот! ОДГОВОРНИ СМЕ СИТЕ!"

Автор и Режија - Јован Ристовски / Ко - Автор - Весна Куслеска / Костимограф - Марта Дојчиновска / Драматург - Билјана Крајчевска / Координатор: Александра Десковска

Актери: Марија Стефановска - Менаџерка / Наталија Ристевска - Асистентка / Соња Михајлова - Црната / Режисер / Никола Пројчевски - Канцелариски Координатор / Петар Горко - Шеф

Учесници: Ивана Атанасоска / Весна Софронијевска / Биљана Тодоровска Биљана Тодоровска

 

 

 17 MAJ | ПЕТОК | EUROPE HOUSE BITOLA / ОФИЦЕРСКИ ДОМ | ПОЧЕТОК 21:00
TIME WARP / Исмет Вејсели [тенор] и Маја Божиновска [пијано]

Овој класичен концерт ќе ја однесе публиката на патување од минатото до денес и ќе опфати музички дела од готиката и средновековието, преку ренесансната и барокната до современата класична музика, завршувајќи со истакнати европски и македонски музички дела.

 Europe House Bitola objava 800x347

 

 18 MAJ | САБОТА

12:00 - 19:00 | CHILL ZONE | EUROPE HOUSE BITOLA / ПАРК ПОЗАДИ ОФИЦЕРСКИ ДОМ

Денот го започнуваме дома, во Europe House Bitola и дворот позади Офицерски дом во нашата CHILL ZONE уживајќи во добра музика и креативна изложба

DANCING PHOTONS
Изложба на цијанотипии [Зрно - Фестивал на алтернативна фотографија]

DEJAN DEX [live set]
Open-air vinyl session

20:30 - 01:00 | NIGHT SHIFT | ПАЦИО [НУ ЗАВОД И МУЗЕЈ - БИТОЛА]

Од дома се селиме преку улица, на отвореното пацио во НУ ИНСТИТУТ И МУЗЕЈ - БИТОЛА со NIGHT SHIFT програмата, каде нѐ чека сериозна забава

20:30 - 22:00 LESYA [Harm, Mousai]
22:00 - 23:30 DIE ARKITEKT [Independent, Athens, Greece]
23:30 - 01:00 DIAH [Vehemence, Mousai]

Ноќната смена започнува и завршува со LESYA и DIAH, членки на динамичниот женски колектив MOUSAI кои веруваат дека заедничката љубов кон музиката може да ги обедини луѓето на моќни начини.

Die Arkitekt: Авангарда од минатото, Техно од иднината

Атинскиот музички продуцент и диџеј Die Arkitekt е познат по комбинирањето на неговите електронски и класични музички влијанија, за да создаде електронски звук кој е лојален на неговите корени. Неговата авангардна музика споена со концептуален изглед создава извонредно искуство што го транспортира слушателот во неговиот мрачен имагинарен свет. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани