АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Претседателски и парламентарни избори во град Битола
Анализата за двојните избори 2024 ја направија авторите м-р Мите Ристов, м-р Гордана Богоевска и истата можете да ја следите на следниот линк https://storymaps.arcgis.com/stories/
Претседателските и парламентарните избори во град Битола се одржаа на вкупно 114 избирачки места.
Претседателски избори - 1 круг
Претседателски избори - 2 круг и Парламентарни избори
РЕЗУЛТАТИ ОД ИЗБОРИТЕ
НЕВАЖЕЧКИ ГЛАСАЧКИ ЛИВЧИЊА
На картата лево се претставени неважечките ливчиња на претседателските избори во вториот круг (2 418). На картата десно се претставени неважечките ливчиња на парламентарните избори (1 431). Најмал број на неважечки ливчиња за претседателските избори има во ИМ број 30 (3 неважечки ливчиња), додека најголем во ИМ број 124 (69 неважечки ливчиња). Најмал број на неважечки ливчиња за парламентарните избори има во ИМ број 29 (3 неважечки ливчиња), додека најголем во ИМ број 76 (36 неважечки ливчиња). Со што видно може да се забележи дека гласачите не сакале да го дадат својот глас за ниту еден од претседателските кандидати, а гласале за одредена политичка партија.
СПОРЕДБА НА ГЛАСОВИТЕ
Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски
Доминација во бројот на гласови на претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова (црвена и виолетова боја) врз Стево Пендаровски (сина и зелена боја). Прв изборен круг (карта лево), втор изборен круг (карта десно). Потемна боја, поголема доминација.
СПОРЕДБА НА ГЛАСОВИТЕ
кај останатите претседателски кандидати
Споредба на бројот на гласови меѓу политичките партии ЗНАМ и ЛЕВИЦА, како и претседателските кандидати Максим Димитриевски и Билјана Ванковска Цветковска. Од картата се забележува доминацијата на ЛЕВИЦА пред ЗНАМ, но и доминацијата на Максим Димитриевски на избирачките места каде Левица има поголем број на гласови! Билјана Ванковска Цветковска имала поголем број на гласови само на пет избирачки места (кликни лево долу за легенда на картата, кликни врз изборното место за повеќе информации).
Споредба меѓу гласовите на претседателските кандидати од албанскиот блок. Од картата е забележителна доминацијата на Бујар Османи.
ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ
ИЗБОРНИ РЕЗУЛТАТИ НА ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ ПАРТИИ