АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со видео спот во кој е претставена убавината на детските цртежи создадени во рамки на „Малиот битолски Монмартр“ пропатена со познатиот хит „Битола мој роден крај’’ во изведба на неповторлиовиот Оливер Драгоевиќ, Детското ликовно стидио „Свети Кирил и Методиј“ од Битола ги кани битолчани на изложбата по повод Денот на независноста.
Изложбата го носи името „Магијата на Монмартр’18“, а ќе се одржи в очи правникот, поточно овој петок, на седми септември, со почеток од 20 часот во битолската Магаза.
Изложба „Монмартр“ ќе има и во Академијата за акварели и ликовни уметности „Сергеј Андријаки“ во Москва, Русија, слената недела.
Инаку песната искористена за видео материјалот е од проектот на Гаро и браќата Твитјан наречен „Македонското срце чука во 7/8“.