Во рамките на програмата за одбележување на Патрониот празник на Гимназијата „Јосип Броз Тито“ Битола , во училишниот хол се изложени дела на учениците, кои во текот на учебната година ги работеа на проектната активност по Ликовна уметност, под менторство на професорот Димитар Солаковски.
-Воодушевени сме од нивната креативност и уникатниот уметничкиот израз.Горди сме на нашите талентирани ученици!, порачуваат од Гимназијата.