2win800x200

Подобри услови за родилките и нивните бебиња на реконструираниот оддел за Гинекологија и акушерство во Битолската болница

Мај 28, 2024

Нови услови за работа се овозможија со реконструцијата на одделот за Гинекологија и акушерството во Битолската клиничка болница со последната донација на најсовремени апарати и медицинска опрема. Обновени се болнички соби, работна соба на медицинските сестри, нов инвентар.

-Целиот оддел за гинекологија и акушерство е комплетно реконструиран и ревитализиран. Се потрудивме да создадеме подобри услови за родилките и нивните бебиња. При реконструкцијата на одделот беше извршена комплетна инфраструктурна реконструкција на водоводната мрежа и електричната инсталација, која не била променета повеќе од десет години. Се изврши замена на поголемиот дел од опрема што се користеше со апарати кои го олеснуваат секојдневното функционирање на одделот, вработените и пациентите. При реконструкцијата се направи еден холистички пристап и комплетно реновирање кое вклучува: родилни столови, гинеколошки столови, светла за преглед, повеќе нови инкубатори ЦТГ апарати, монитори, 2 вакуум аспиратори итн. Инсталирана е топлотна пумпа од марка ЛГ, а комплетно се реновирани две купатила со три санитарни јазли, и тоа преку донатори од Шведска кои во повеќе наврати донирале во Битолската болница- изјави директорката на Клиничката болница Битола д-р Елизабета Ивановска.

436341020 664927839121816 123878996263837357 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани