АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Лишени од слобода се тројца битолчани по вчерашната тепачка на Широк Сокак. Тепачката е снимена на видео од случаен минувач.
Полицијата официајално информира - На 05.06.2024 на ул.„Лазо Трпковски” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода В.А.(39), И.А.(36) и Е.Р.(39), тројцата од Битола, постапувајќи по претходна пријава дека околу 15.00 часот во угостителски објект на ул.„Широк Сокак“ во Битола физички ги нападнале И.Ј.(40) и Д.С.(44), двајцата од Битола, при што употребиле остри и метални предмети. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против нив ќе следуваат соодветни пријави.