АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Голем револт предизвикува аеро загадувањето со крупна прашина што излегува од импровизиран оџак од објект на поранешниот млин „Жито Битола“ во Битола, реагираат граѓани од улицата „Македонска фаланга“.
Од оџакот најверојатно излегува прашина од третман на пченицата или веење на житото, па крупни честички се расфрлаат низ воздухот што може да се види и на фотографијата што ни ја испратија граѓани од насобраниот прав на нивните автомобили.
Граѓаните бараат итна постапка на сите надлежни институции, а случајот велат го пријавиле и во полиција и во општинските инспекции.
Од Општина Битола за Апла. мк велат дека ја добиле пријавата од загрижени граѓани и заедно со полицијата ќе излезат на терен.
Жители од тој дел на градот ни изјавија дека, ако не се реши проблемот ќе го блокираат влезот на камионите со жито до млинот во екот на жетвата.
А.Б