2win800x200

Обвинителството нареди да се испитаат причините за смртта на бебето во Битола

Јуни 19, 2024

Јавното обвинителство Битола издало повеќе наредби за да се испитаат причините за смртта на бебето кое во саботата почина по само еден ден од раѓањето. Направена е анатомска обдукција без наредба на јавен обвинител како стандардна процедура што се прави секогаш кога бебе ќе почине.

Доколку има потреба потоа обвинител ќе нареди судско-медицинско вештачење на причинско последичните причини за смртта.

Обезбедена е документацијата за мајката и бебето а родителите ќе бидат повикани на разговор во полициска станица во текот на утрешниот ден.

Обвинителството ги презема сите дејствија за испитување на причините на смртта, потврдија за Слободен печат.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани