2win800x200

КУД Илинден Битола прогласено за најуспешен презентер на традиционална музика и игра на 54 издание на „Илинденски денови“

Август 01, 2024

Синоќа свечено беше затворено 54 издание на фестивалот „Илинденски денови“ Битола. 

На последната вечер на ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ  беа соопштени и признанијата и наградите за најдобрите 
Според статутот на РФНИП „Илинденски денови“ Битола, како и принципите на CIOFF, на фестивалот се оценуваат и наградуваат само ансамблите од Македонија, додека ансамблите од странство настапуваат ревијално 
Жири комисијата на 54-от Републички фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ Битола, во состав: д-р Владимир Јаневски, д-р Родна Величковска, д-р Мирјана Мирчевска, д-р Беким Рамадани и м-р Христијан Николовски на седницата одржана на 31 јули 2024 година ја донесе следната:
О Д Л У К А
за наградување на најуспешните фолклорни групи, КУД, ансамбли и поединци кои што настапија на 54-от Републички фестивал на
народни песни и игри „Илинденски денови“ Битола
1. За најуспешна група која презентираше традиционална музика и игра се
​прогласува: КУД „Илинден“ Битола 
Жени КУД Илинден 800x533
2. За најуспешна група која презентираше староградски музика и игра се
​прогласува: ВИА „Распеани кичевчани“ Кичево 
3. За најуспешна соло инструментална изведба се прогласува:
ОНИ „Осоговски бисер“ Кочани 
4. За најуспешна играорна соло изведба се прогласува:
Зењел Беќири од КУД „Добра“ Дебар 
5. За ансамбл со најизворна, најкомплетна, изворна носија се прогласува:
АФ „Гоце Делчев“ Битола
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани