АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Момче од Данска на 22 години ја предизвикало сообраќајката на влезот од Битола кај Поранешен Транскоп и претекнувајќи директно удрило во кола од спротивната страна при што тешко повреди возач и совозач.
Тешко повредени се мајка и син кои од ударот се здобиле со скршеници на бутните коски, ребрата и контузија на главата, велат од семејството на повредените. Жената во текот на ноќта е оперирана во Битолската клиничка болница, операцијата на синот е во тек.
Според кажувања на очевидци за АПЛА.мк, Данецот со брза кола претекнувал и влетал во спротивната лента по што од брзината предизвикал силен и директен удар и оштетување на автомобилот во кој биле тешко повредените.
ОБНОВЕНО
ОФИЦИЈАЛНО од СВР Битола -
На 30.07.2024 во 21.24 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Македонска фаланга“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со дански национални ознаки, управувано од К.Ц.(21) од Данска и патничко возило „хонда“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.М.(38) од с.Бистрица, битолско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот М.М. и неговата сопатничка Л.М.(60) од с.Бистрица, додека со телесни повреди се здобил возачот К.Ц. констатирани во Клиничка болница Битола. Во несреќата било оштетено и паркирано возило „опел“ без регистарски ознаки, паркирано од Б.С.(59) од Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола
А.Б