2win800x200

Книгата за селото и селанството од авторот Васко Гичевски ново достигнување на македонската историографија

Август 13, 2024

Вчера во прекрасниот амбиент на Хотел Театар беше промовирана книгата „Селото во Битолскиот санџак 1878-1912: Социјална историја на селото и селанството во последните три децении од османлиското владеење“  од авторот Васко Гичевски.  Промотор на книгата беше м-р Димитар Димески. Тој во своето обраќање истакна дека, книгата претставува една комплетна анализа на селската заедница во Битолскиот Санџак, која е документирана со обемна изворна документација, што претставува посебна вредност на книгата. Напишана е на јасен и приемчив стил, така што е лесно достапна дури и за некој кој не е подетално упатен во тогашните општествено-политички прилики. Дополнително, таа е одлично конципирана, со проблемски пристап, така што овозможува увид во влијанието на сите процеси што се случувале во Османлиската Империја и нивното пресликување на локално ниво.

455053447 8217729998247899 7227085188338440943 n

Авторот Васко Гичевски своето излагање го започна упатувајќи благодарност кон сите кои што помогнаа овој труд да го види светлото денот. Секоја книга си има своја приказна. Вие го знаете мојот дел од приказната, но таа не сепак не е докрај доречена-рече тој. За книгата да дојде до вас помогнаа моите почитувани пријатели и сопатници низ животот:

Емануела Додева- издавач

Владимир Кухар- дизајн на корица

Евгениј Литовски- техничко уредување и подготовка за печат

Александар Јорданоски- лектура.

Посебна благодарност упати и до рецензентите на книгата проф. д-р Никола Минов од Институт за Историја при Филозофскиот факултет во Скопје и доц.д-р Виктор Трајановски од Институтот за етнологија и антропологија при Природно математичкиот факултет во Скопје.

Значењето на оваа книга за македонската историографија е огромно. Таа за прв пат нуди преглед на секојдневниот живот на населението во селата од Битолскиот Санџак, што претставува крупен чекор напред во македонската историографија. Ваквите книги всушност покажуваат дека историјата не ја сочинуваат само лидерите и политиката, туку ја создава обичниот човек и неговиот секојдневен живот, исполнет со лични борби и проблеми, стравови и надежи.

Авторот Васко Гичевски е роден 1997 година во Битола. Дипломирал на Институтот за историја на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје во 2020 година. Прогласен е за најдобро дипломиран студент на генерацијата и добитник е на наградата „26 Јули“ од Фондацијата „Франк Манинг“ за покажан особен успех во студирањето. Активно се занимава со проучување на социјалната историја на Османлиска Македонија. Автор е на повеќе научни трудови објавени во релевантни научни списанија и четири дигитални – интерактивни мапи на недвижното културно наследство од Османлискиот период во Скопје и Битола. Член е на претседателството на Здружението на историчарите на Република Македонија од 2021 година. Од 2021 година вработен е во ООУ Славко Лумбарковски- Новаци.

 

 

212cd94e d81c 48b8 9702 3304e71e1081

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани