АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Ракометарот од Битола, младиот и надежен Петар Илиевски е прогласен за најдобар корисен играч на мечот на Европското кадетско првенство меѓу Македонија и Грција.
фото Петар Илиевски
На Европското кадетско првенство во ракомет EHF M18 кое се одржува во Подгорица, Црна Гора учествува и Македонскaта кадетска репрезентација. Во нејзиниот состав е и нашиот надежен млад битолчанец Петар Илиевски или Перо, како што е познат во ракометнната сцена. Перо со ракомет започнува од својата 7ма година во редовите на подмладокот на тогашен Пелистер во рацете на Александар Зарков и Иван Марковски. На 14 години заминува во Скопје во РК Вардар, од каде по година и пол препознавајќи го неговиот талент РК Алкалоид го презема и воедно влегува во сегашниот состав на кадетската репрезентација на Р.С.М кај тренерите Танески и Бочкароски. Нашиот Перо денес на натпреварот со РК Грција ја доби наградата МВП- најдобар корисен играч на мечот. На Македонската репрезентација му посакуваме многу успех и уште многу вакви таленти со кои ќе се гордееме ние битолчани.