АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Донација од 11 инвалидски колички доби Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола од Амбасадата на Македонија во Виена - Австрија. Донацијата денеска ја прими д-р Ненси Лозанче директор на Битолската клиничка болница.
Инвалидските колички се незамениви помагала за пациентите кои имаат ограничена подвижност, а се згрижени во болницата. Токму затоа раководството на Болницата е особено благодарно на донацијата и вниманието што македонската Амбасада во Виена го посветува за болницата во Битола.