2win800x200

Уште нема плата за јули за вработените во Заводот за рехабилитација за деца со оштетен слух - „Кочо Рацин“ во Битола, се најавува за понеделник

Август 24, 2024

И на државно доцнат платите и се крши законскиот рок за исплата,  вели вработен во Заводот за рехабилитација за деца со оштетен слух - „Кочо Рацин“ во Битола. 

Вработени од Заводот за „АПЛА“ велат дека иако законскиот рок за исплата на платата е до 15 во месецот, тие се уште не зеле плата за јули. 

-И додека се уште е во тек огласот за вработување на 134 образовни асистенти, вработените во ОУРЦ  „Кочо Рацин“ Битола не ја добиле својата плата за месец јули. Иако законскиот рок на исплаќање на платата е 15 ти во месецот, ниту вчера(петок), вработените не ја задовме платата, а кој знае дали ќе ни биде исплатена и во понеделник? Станува збор за над  200 вработени кои се во исчекување и не ја знаат вистинската причина за доцнењето и неисплаќањето на јулската плата“, велат вработени во Заводот кои сакаат да останат анонимни. 

Основач на ОУРЦ „Кочо Рацин“- Битола е Министерството за образование и наука. Од вработените велат дека минатата недела  бил искажан револт кон директорката Валентина Стојкоска.

Директорката Стојкоска во разговор за „АПЛА“ вели точно е дека немаат земено плата, но дека платата ќе легне на сметките на вработените уште во понеделеник.  Директорката за повеќе информации околу доцнењето на платата не упати до книговодственото биро кое ги води книговодствените книги на Заводот. Од таму, пак,  велат дека проблемот околу доцнењето на платата се должи на ребалансот на буџетот, но и на извесни корекции на платите, со оглед на тоа што на сметката на Заводот биле пратени 2000 денари помалку .

-Точно е дека законскиот рок за исплата на платата е до 15 ти во месецот, но на вработените им беше објасната причината за доцнењето на платата. Два пати се поминати налозите за плата, но беше затекната ситуација заради ребалансот на буџетот. Сега налозите се поминати и вработените ќе си ги земат платите уште во понеделник, велат од книговодственото биро, и сметаат дека е неколегијално и дрско да се реагира на ваков начин, кога платата доцни само 11 дена. 

 

А.Блажевска 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани