АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Вработените од Заводот за рехабилитација за деца со оштетен слух - „Кочо Рацин“ во Битола денеска протестираат. Се собраа во дворот на Заводот револтирани што платата доцни веќе 11 дена по законскиот рок за исплата.
-Вработените се собравме заради револт од неисплатената плата. Сите училишта зедоа плата, а ние се уште немаме. Оваа се случува повеќе пати годинава да доцни платата, што кај вработените предизвикува проблеми, околу плаќањето на режиските трошоци, каматите во банките“, се жалат вработени за АПЛА.мк.
Вработените тврдат дека -„Во континуитет не добиваме и пресметка од плата што ни претставува проблем бидејќи немаме увид во финансиските средства. Бараме надлежните да проверат која е причината за доцнењето на платата. Целта на протестот е трајно решавање на проблемот “, велат вработени .
Директорката Валентина Стојкоска, кадар на СДСМ, која на оваа функција е уште од 2018 година, денеска не е во Заводот, но ни испрати порака дека е во Скопје во Министерството за образование.
Стојкоска ни испрати порака во која вели дека плата ќе има денес, а протестот на вработените не и бил најавен.
АПЛА во саботата објави за револтот на вработените поради неисплатената плата во Заводот ОУРЦ „Кочо Рацин“- Битола чии основач е Министерството за образование и наука.
Директорката Стојкоска во саботата во разговор за „АПЛА“ потврди дека е точно е дека немаат земено плата, но дека платата ја очекува во понеделеник.
А.Блажевска