АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Советникот Бојан Бојковски од ВМРО-ДПМНЕ вчера на седницата на Советот ја обвини екс министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска дека за цело време додека била на функција не помогнала за надминување на проблемите во Зоолошката градина во Битола иако ЗОО била под најзина надлежност, под Министерство за култура.
-За жал веќе години наназад видовме дека во Зоолошката градина ништо не се вложува. Бараа согласност и од Советот, програмите, плановите за вработувања, ги гласавме сите, меѓутоа согласност од Министерството за култура и финансии не добивме. Зоолошката градина е под Министерството за култура, не добиваат согласност, а министерката за култура беше од Битола. Очигледно тогашната министерка немаше време да се занимава со Зоолошката градина во Битола и како што слушаме деновиве таа си била на патувања во Лондон, трошела државни средства на граѓаните. Купувала мечиња, купувала хулахопки и куфери. Срамно и жално е што министер кој што бил од Битола не ја потпомогнал Зоолошката градина во Битола, рече Бојан Бојковски вчера на седница на Совет.