2win800x200

Ресторан во Битола казнет за служење на храна со поминат рок и недекларирано месо

Август 31, 2024

Ресторан од Битола е казнет поради  продажба на недекларирано  месо од различни видови и категории,  пласман на неозначена храна  и продажба на храна со поминат рок

 

Инспекторите на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во вонредни контроли на трговски и угостителски објекти во Скопје и во Битола запленија и уништија 40 килограми храна и изрекоа соодветни казни за фирмите и нивните раководители.

Во координирана акција со  Државниот пазаерен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот трудов инспекторат, вчера, АХВ спроведе вонреден инспекциски надзор и во Битола. Поради  продажба на недекларирано  месо од различни видови и категории,  пласман на неозначена храна  и продажба на храна со поминат рок,  на ресторан во овој градот изречена му е прекршочна санкција и издадено му е решение за отстранување на утврдени недоследности.

Затекнатата небезбедна храна во количина од 40 килограми е нештетно уништена.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани