2win800x200

Влезот на Битола се гради - Деновиве се изгради атмосферската канализација

Август 31, 2024
Проектот за Реконструкција со доградба на коловоз на дел од улица „8 Септември“ во Битола, од бензинска пумпа „Лукоил“ до граница на ГУП на Град Битола, се одвива согласно предвидената динамика. Деновиве изградена е атмосферска канализација со ПЕ канализациони цевки во должина од 350 метри и се врши ископ на земја за изградба на мешовита канализација во вкупна должина од 732,3 метри.
Согласно проектната документација, изградбата на новата атмосферска канализација ќе биде во вкупна должина од 2178 метри и ќе се гради на три надолжни краци.
Проектот вклучува и реконструкција на водоводна линија која се состои од два цевководи и тоа еден транзитен цевковод во должина од 822,5 метри кој предвидува замена на челичната цевка Ф450 мм со нова цевка и секундарна водоводна цевка со профил ф 110 мм и должина 822,5 метри.
Со реконструкција на постоечкиот коловоз со доградба согласно ДУП се планира да се добие вкупна ширина на профилот на улицата од 27,5 метри.
Градската магистрална улица ќе биде со попречен профил составен од два коловози (источен и западен) секој со по две сообраќајни ленти со широчина од 7 м (секоја сообраќајна лента со ширина од 3,50 метри), разделно зеленило меѓу нив со широчина од 2.50 како и обострани тротоари со велосипедски патеки и зелен појас – дрворед со широчина од по 5.50 метри.
На реконструираниот влез во градот ќе биде поставено и ново улично осветлување во должина од 1313 метри.
Со реализација на сите проектни фази, Битола ќе добие влез во градот, каков што и доликува.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани