Наскоро ќе започне реконструкцијата на улицата „Дебарска“ во Битола. Жители на улицата со фотографии реагираа до АПЛА дека на асфалтот поради оштетување се направени големи дупки, шахтите се пропаднати и претставуваат опасност по безбедноста во сообраќајот. Од Општина Битола велат дека наскоро ќе започне реконструкцијата на улицата што ќе вклучува коловоз, водоводна и канализациона мрежа.
-Улицата „Дебарска“ во Битола е во програма, склучени се договори со изведувачи, средствата се обезбедени преку
Владата и наскоро ќе започне комплетната реконструкција на оваа улица. Вкупната вредност на реализација на овој проект кој вклучува коловоз,
водоводна и канализациона мрежа изнесува 37.285.637,53 денари со вкучен ДДВ, соопштија од Општина Битола на прашање на АПЛА.
А.Б