2win800x200

Нашиот Зоран Пејковски е именуван за директор на КИЦ во Софија

Септември 03, 2024

ДОЦ. Д-Р ЗОРАН ПЕЈКОВСКИ Е НАЗНАЧЕН ЗА ДИРЕКТОР НА МАКЕДОНСКИОТ КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР ВО СОФИЈА

 

На 17-та седница на Македонската Влада, на предлог на Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, за директор на Културно-информативниот центар на Македонија во Софија, Бугарија, назначен е доц. д-р Зоран Пејковски.

Инаку, нашиот битолчанец Зоран Пејковски е доктор по Културолошки студии на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје и доцент  од областа драматургија на Факултетот за театарски уметности при Интернационалниот универзитет „Европа Прима“ од Скопје. Тој е и македонски драмски писател, драматург, поет, сценарист, театролог и единствен натуралист во македонската литература, при што автор е на 23 драмски дела, на 21 збирки песни, на 6 поеми, (или вкупно 27 поетски книги) на 6 сценско-драмски рецитали, на 4 научно-истражувачки книги од театрологијата, на 3 публицистички книги, на 1 роман, на 1 препев и над 50 дела од областа на научната мисла, на литературната критика, и на рецензии за книжевни и театарски изведби. Неговите книжевни дела се преведени и препеани на повеќе странски јазици, англиски, француски, романски, полски, украински, бугарски, српски, хрватски, црногорски, грчки, итн.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани