АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Жителите на битолските села Гермијан, Бач, Брод, Живојно, Добровени и Скочивир од вчера се без струја а како што велат за кусо време ќе останат и без вода. Бидејќи станува збор за сточарски крај, без струја и соодветно ладење им се расипа и млекото па го истурија по ендеците и направија бели реки.
-22 часа без електрична енергија се оставени селата: Гермијан, Бач, Брод, Живојно, Добровени и Скочивир. Во скоро време ќе останеме и без вода, бидејќи резервоарите се при крај. Воедно овој крај е сточарски, па така покрај луѓето се загрозени и животните. Дополнително трпиме штета бидејќи десетици тони млеко се расипаа што во парична вредност надминуваат 300 000 денари. Кој ќе ги надомести овие штети, кој воопшто мисли за овие од Бога заборавени села? На крај, ова не е ни прв ни последен пат, важно сметките доаѓаат секој месец се поголеми, објави Васко Гичевски, жител на Бач.
А.Блажевска