2win800x200

Тепачка на граничниот премин Меџитлија - Граничен полицаец физички и вербално малтретиран побарал лекарски преглед

Октомври 02, 2024
Граничен премин Меџитлија фото интернет Граничен премин Меџитлија фото интернет

Инцидент се случил утрово на граничен премин Меџитлија на македонско-грчката граница кога претпоставен од граничната полиција наводно физички и вербално нападнал вработен полицаец. Според наши извори инцидентот се случил околу 8 часот кога се менувала смената, а причината за инцидентот засега е непозната.

Наши извори велат дека нападнатиот полицаец после 10 часот побарал лекарска помош  во Клиничката болница во Битола вознемирен и повреден од физички напад. Но, подоцна и неговиот претпоставен побарал да го прегледа лекар.

Од Клиничката болница Битола го потврдуваат случајот и за АПЛА.мк велат  дека – „имало вербална расправија со поттурнување и констатирана вознемиреност“ , но велат дека и двајцата и граничниот полицаец и неговиот претпоставен побарале лекарски преглед.

За инцидентот од МВР за порталот АПЛА.мк одговорија - Ве информираме дека во текот на денешниот ден (02.10.2024) во ПС ОН Битола во два наврати, еднаш од страна на полициски службеник Б.Ј. а вториот пат од командирот на ПС за ГП и ГН Меџитлија И.П. пријавен е настан. Со цел утврдување на наводите во двете пријави, известен е Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, одговорија од МВР.

 

А.Блажевска 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани