2win800x200

За многу скоро почнува изградбата на велопатеките на „Партизанска“ и „Васко Карангелески“ во Битола

Септември 27, 2024

За кусо време почнува изградбата на велопатеки на улиците „Партизанска“ и „Васко Карангелески“ во Битола. Велопатеките ќе се градат со средсства на Општина Битола иако гардот имаше можност да ги изгради порано со средства од Европската Унија преку проектот „Смарт 4ју2“ во  вредност од 400 илјади евра. 

Борке 1

-Веќе е потпишан договор со изведувач за изградба на вело инфраструктура во Битола на улиците „Партизанска“ и „Васко Карангелески“, кој за скоро ќе биде воведен во работа. Ќе се работи со сопствени средства на Општина Битола“, потврди за АПЛА.мк, Борче Димитровски, секретар на Општина Битола. 

 Драган 1

Граѓанскиот активист Драган Велјанов, еден од организаторите на критичната маса за изградба на велопатеките во Битола денеска објави видео снимка од последната критична маса за вело движењето во Битола со коментар: 
-Ова е една од последните вело критични маси организирана во Битола на која јасно и гласно се кажа дека редно време е после 10 години вело движење во Битола да се изгради вело инфраструктура и беше последен ултиматум за структурите кои претендираа да дојдат на локална власт. За жал, после 3 години владеење на оваа локална власт сведоци сме дека во Битола имаме 0 км вело патеки. Реалноста го вели тоа. Следната ваква вело критична маса ќе биде на некоја веќе направена вело патека. Ако ја нема неа, ќе ја нема ни оваа критична маса. Не дека луѓето не сакаат, изгорени се да заѕвонат со ѕвончињата, ама ја убивте секоја капка надеж на овие граѓани, ги омаловаживте, ги усрамивте, ги направивте неспособни. Еве се ближат локални избори, ќе ја отворите темата, ќе пробате да си го оплакните образот, и едните, и другите, ама мал дел од овој народ сѐ памти и сѐ враќа. Нажалост, има еден огромен процент од граѓаните кои гледаат само што ќе добијат и колку ќе искористат, а не гледаат кој што правел и колку направил за него да го гласаат, ама што да правиме кога тие сме, тука сме, толку сме. Ќе издржиме 
Немам повеќе одговор ни за моите деца кои буквално секој ден ми се на точак и секој ден сум изложен на ризик да ги собери некој голич кабадаја, да слезат со точакот на главниот пат оти некој калап си ја паркирал колата на тротоар за поблиску да му биди, ама тоа е, напиша Велјанов. 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани