АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
МВР даде детали за инцидентот на граничниот премин Меџитлија за кој денеска објави АПЛА.мк. Во инцидентот учестувале командирот на граничниот премин со иницијали И.П и полициски службеник Б.Ј. Внатрешната контрола ќе испитува кој е жртвата а кој насилникот.
Информацијата ви ја пренесуваме во целост.
Ве информираме дека во текот на денешниот ден (02.10.2024) во ПС ОН Битола во два наврати, еднаш од страна на полициски службеник Б.Ј. а вториот пат од командирот на ПС за ГП и ГН Меџитлија И.П. пријавен е настан. Со цел утврдување на наводите во двете пријави, известен е Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, одговорија од МВР за АПЛА.мк.
Претходно АПЛА.мк објави дека -
Инцидент се случил утрово на граничен премин Меџитлија на македонско-грчката граница кога претпоставен од граничната полиција наводно физички и вербално нападнал вработен полицаец. Според наши извори инцидентот се случил околу 8 часот кога се менувала смената, а причината за инцидентот засега е непозната.
Наши извори велат дека нападнатиот полицаец после 10 часот побарал лекарска помош во Клиничката болница во Битола вознемирен и повреден од физички напад. Но, подоцна и неговиот претпоставен побарал да го прегледа лекар.
Од Клиничката болница Битола го потврдуваат случајот и за АПЛА.мк велат дека – „имало вербална расправија со поттурнување и констатирана вознемиреност“ , но велат дека и двајцата и граничниот полицаец и неговиот претпоставен побарале лекарски преглед.
За потврда на случајот испративме прашање до МВР и штом ќе ни биде одговорено ќе го пренесеме во целост.
А.Блажевска