2win800x200

(фотогалерија) „Интерфест“ - Битола и годинава приреди незаборавни фестивалски настани

Октомври 14, 2024

На големиот македонски празник „11 Октомври“, во градот на клавирите свечено беше затворен 33-от фестивал на класична музика „Интерфест“ -Битола.

Во блескавата палата на Офицерскиот дом, музиката на еден од најголемите гениј на човештвото, Волфганг Амадеус Моцарт, ја сплоти битолската публика во заеднички чувства на трогнатост, восхит, радост, убавина. Врвната изведба на реномираниот француски пијанист Бертран Жиро, диригентот Владимир Димовски и Камерниот оркестар на Битола, ја доловија магијата на Симфонијата бр.23 и Концертот за пијано бр. 17. Оваа безвремена музика 250 години наназад, на бројни генерации им ги буди најблагородните емоции и  духовна возвишеност.

Interfest 1 800x533

Свечената сала на Офицерски дом беше претесна за сите кои сакаа да ја доживеат радоста на последната вечер од незаборавните 11 претходни фестивалски настани.

Благодарение на ентузијазмот и работата на брачниот пар Милица Шперовиќ Рибарски и Кирил Рибарски, поддршката од Министерството за култура, Општина Битола, донаторот госпоѓа Фанија Мемца и Бутикот „Ермитаж“ Битола, персоналот на ЈОУ КИЦ и на Народен театар Битола, како и екипата ликовни уметници и дизајн од „Интерфест“, фестивалот се одржа со голем успех.

фото- Ивона Кочов 

Interfest 36 800x533

Interfest 35 800x533

Interfest 6 800x533

Interfest 33 800x533

Interfest 55 800x533

Interfest 3 800x533

Interfest 10 800x533

Interfest 5 800x533

Interfest 42 800x533

Interfest 37 800x533

Interfest 32 800x533

Interfest 23 800x533

Interfest 43 800x533

Interfest 14 800x533

Interfest 50 800x533

Interfest 20 800x533

Interfest 24 800x533

Interfest 25 800x533

Interfest 52 400x600

Interfest 21 800x533

Interfest 48 800x533

Interfest 2 800x533

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани