И на 91 годинa на гласање

Септември 30, 2018

Велика Новевска од општина Новаци на 91 година излезе да гласа. На гласачкото место 161 се појави заедно со снаата која пак со штаки дојде на гласање зашто ја имала повредено ногата.

„За години не прашувајте, девеесетката ја заминав, но должност ми е да си го оставрам своето гласачко право. Гласаме и за помладите и за нас да биде добро“, рече баба Новевска.

 

Новаци е една од општините со најголема површина во Македонија, но се вбројува и меѓу најретко населените. На површина од 753 километри квадратни има 2977 гласачи на 23 избирачки места. Најоддалечени се гласачките места во Мариово и тоа во селата Будимирци, Градешница и Старавина каде има уште по десетина до дваесет жители.

 

„Во Новаци навреме беа отворени сите изборачки места, гласањето тече без проблеми, нема никакви забелешки. Малку е покомплицирано имајќи го во предвид теренот во општината, распространета е на голема површина и разни географски предели, но со добра организација немавме проблеми во транспортот на материјалот и отворањето на местата за гласање“, рече Стевче Стефановски, претседател на ОИК во Новаци.42862334 1832907106829367 2590374598184796160 n

Излезноста во Новаци до 13 часот беше 13 проценти.

Соседната пелагониска општина Могила од ДИК ја посочија меѓу општините со најмала излезност до сега. Таму до 13 часот гласале 7,04 проценти од 5385 гласачи. Се очекува процентот да се зголеми во попладневните часови зашто ова е рурална општина, па претпладне жителите работат по нивите.42793561 1676652122440828 6750010000128606208 n

                               

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани