2win800x200

До 17 часот на гласање излегоа 50 проценти од гласачите на Битола

Октомври 15, 2017

До 17 часот гласале половина од гласачите од  Битола евидентирани во единствениот избирачкиот список. Според информацијата од Зоран Насев, претседател на Општинската изборна комисија, до 17 часот попладнево гласале 50 проценти од гласачите во Битола. Битолчани на овие избори избираат градоначалник меѓу четворица кандидати и советници од пет листи. 

 

На шестите по ред локални избори денес гласаат 83.692 битолчани на 170 гласачки места во битолската општина. Без поголеми проблеми и инциденти протече најголемиот дел од гласањето на сите избирачки места во Битола. 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани