Свирна свирчето во Општина Битола

Октомври 16, 2017

Поранешен вработен во Општина Битола, сега пензионер, утрово отишол во зградата на Општината и  свирејќи со свирче ја најавил победата на Наташа Петровска на вчерашните локални избори.

Вработени во општината за апла.мк, велат дека пензионерот почнал да свири уште од влезната врата , па обезбедувањето не сакало  да го пушти внатре поранешниот колега. Но сепак , тој влегол и од канцеларија до канцеларија ја најавил „радосната вест“, за градоначалничката смена. Пензионерот  им најавил на поренешните колеги дека по теркот на Талески кој за советник за цело време покрај себе имаше пензионер, дека и тој би можел  да се врати во општината  како советник и да помогне со своето искуство. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани