2win800x200

Кој ловел во матно во општина Битола ќе проверува новата локална власт

Октомври 17, 2017

Новата локална власт  ќе направи ревизија на сите обиди за „лов во матно“, во периодот на транзиција на власта, велат од СДСМ, откако денеска новинарите на прес конференција прашаа дали општината е без секретар, кој претходно сам се разрешил, а потоа се назначил на друга функција - раководител на одделението за финансии, по што заминал на годишен одмор.

-Секој оној што направил „лов во матно“ во овој период, ќе биде ставен на ревизја, сите постпаки, сите свои именувања и назначувања ќе бидат под ревизија на новата градоначалничка и општинската администрација, рече Васко Ковачевски од СДСМ.

Денеска граѓани се пожалија дека не можат да завршат административни работи во општина Битола, затоа што овластениот потписник заминал на годишен одмор. На наш иселеник од Америка, чиј идентит е познат на редакцијата на Апла.мк, така му било кажано од општинските служби, кога побарал да му се достави решението за данок на промет од куќата што деновиве ја продал. Сега , вели треба да го одложи патувањето за САД.

-Дојден сум од САД, ја продадов куќата, купопродажниот договор го однесов во општина. Комисијата експресно брзо си ја заврши работата, излезе на терен, ја утврди вредноста, определи решение за плаќање на данок на промет кое треба да ми се достави, но не е потпишано. Чекам веќе неколку дена, а образложението од службите е дека, решението е готово, но потписникот е на одмор. Дали сега треба да го одложам летот за Америка, за да ја завршам работата? Како може општината да е блокирана и да не ги сервисра граѓаните, затоа што некој службеник е на одмор, прашува наш иселеник од САД.

Од одделението за односи со јавност на општина Битола, велат дека нема застој во работатат на општинската администрација, а службите ги решаваат предметите во законскиот рок, кој во овој случај изнесува 15 дена. Дали општината има секретар или не, не добивме официјална информација, а од таму велат дека овластување за потпис има раководителот на секторот за финансии.

Од СДСМ пак, велат дека за многу скоро општината нормално ќе функционира.

-По официјалното објавување на резултатите од ОИК, се отвора можноста Наташа Петровска да го добие уверението за градоначалник и во законскиот рок од 7 дена треба да ја преземе функцијата. Тоа ќе го направиме во најбрз можен рок, за општината нормално да функционира за потребите на граѓаните, рече Ковачевски..

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани