АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
За да им бидат надоместени парите на учениците кои во изминатиот период патувале на сопствен трошок до училиште, ќе треба да бидат заведени во извештаите на директорите дека присуствувале на настава и да ги зачувале фискалните сметеки. Вака денес одлучи Советот на Општина Битола за учениците кои патуваат од места каде нема линиски превоз или се од други општини.
Од опозиционата ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека веќе беше донесена акт за да биде прифатен само едниот услов зашто сите учениците не ги чуваат фискалните, но Советот сега ја менува својата одлука.
„Со ова решени не се опфатени сите ученици на кои им беше ускратено правото на бесплатен школски превоз, зашто голем дел доаѓаат од населени места каде што нема редовен линиски превоз, голем дел од нив патуваа со сопствен превоз, а голем дел од превозниците заради настанатата ситуација немаа на кој начин да пристигнат и приложат фискални сметки, а некои од учениците не ги чуваат фискалните сметки зашто никој не им кажал тоа да го направат. За да бидат опфатени сите ученици треба да се рефундираат средствата или по извештај или по фискална сметка“, рече Иванло Тошевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Советниците од власта одговорија дека законски доказ оти е направен некаков трошок се фискалните сметки.
„Фискалните сметки кои ги имаат набавено учениците и родителите заедно со списоците од училиштата кои ќе бидат доставени до Општина Битола за редовното посетување на часовите ќе бидат доволен дока за да се рефундираат средствата кои изминатот период ги платија родителите на учениците за нивнаите деца да присуствиваат на наставата“, рече Методија Илиевски од СДСМ.
Петседателот на Советот Валентин Груевски рече : „Без тие два документи никој законски не може да им исплати пари на ниеден ученицик. Не можете да му исплатите пари ако нема филскална сметка, нема доказ дека воопшто се возел и дека не бил на настава. Ги поврзуваме тие две работи и ја допрецираме одлуката што ја донесовме минатиот пат“, рече Груевски.