2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Дали Зимската стана и непотистичка приказна и колку пари се потрошија- расправа во Советот

Јануари 31, 2022

„Зимската приказна“, како што беше наречена новогодишната празничка манифестација, организирана од Општина Битола, од зимска прерасна и во непостистича, обвинија советниците на СДСМ на денешната седница на Совет, посочувајќи дека во неа биле вкучени и блиски роднини на советници и претставници од локалната власт. Советничката Мирјана Захариевска-Ралевска од СДСМ побара Советот да обезбеди финансиски извештај за потрошените средства кои се зголемија за половина милион денари од предвиденото.

„Прашањето е кои се критериумите со кои е избрана фирмата организатор на настанот? По колку пари им е наплаќано на изнајмувачите на куќарките кои беа дел од настанот? Од која ставка на буџетот се исплаќани патрите ? Дали е вистина дека со новоигодишната приказна се офајдија советникот Чулакоски (Поинаку) со сума од 100 000 денари за изработка на новогодишното платно? И која е сумата што ја заработија братот на советникот Марко Јосифивски (ВМРО-ДПМНЕ), сопругата на наводниот секретар Борче Димитровски и братот на советникот Алмир Адемовски (Поинаку)“, рече советничката од СДСМ, Мирјана Захариевска-Ралевска.

Градоначалникот на Општина Битола, кој беше присустен на седницата, одговори дека за манифестацијата беа потрошени 1 707 675 денари, што е повеќе од првично предбидените 1,2 милиони денари, но програмата траела девет дена. Не кажа дали биле вклучени блиски роднини на советниците од власта, но нагласи дека сите апликации за учество биле прифатени за да нема селективност и да заживее културната сцена на Битола.

„За Зимската приказна исплатени се 1 707 675 денари, а таа ги исполни очекувањара на битолчани и покажа дека во Битола давјќи поддршка на локалната културна сцена неселективно можат да се реализираат културни настани за кои се раскажува со позитивни коментари не само локално, туку и на централно ниво. За деветдневниот фестивал кој не беше сведен само на едновечерен дочек, туку проширен, првично предвидениот буџет не беше доволен, реализиравме програма во која беа прифатени сите доставени апликации и апликанти за да им се даде еднаква можност на сите , а културната сцена на Битола повторно да заживее“, рече Коњановски.

Тој на советниците од опозицијата им рече дека повеќе очекувал да се интересираат за големите сметки на струја поради енергетската криза.

„Оваа година уште поголема ќе направиме маифестација, пак сите оние кои нешто значат во културата, без селектривност ќе бидат поканети да придонесат и Битола да ја направиме центар како што доликува. За манифестацијата се зборува позитивно не само на локално туку и на централно ниво. Градот го посетија колку битолчани толку и од останатите места од Прилеп, Новаци, Могила, Демир Хисар , Ресен. Очекував повеќе прашања за енергетската криза во која се наоѓаме, дека ќе се информирате за 16 милиони денари кои се платени за електроична енергија за 2 месеци и дека вашите тројца министри во владата ќе придонесат да ја надминеме таа криза и да помогнат дел од тие трошоци да се преземат на централно ниво“, рече Коњановски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани