2win800x200

Општина Битола донесе одлука да ги раскине договорите со превозниците за општинскиот линиски превоз и за превозот на учениците со линискиот превоз

Ноември 22, 2018

Локалната власт од Битола одлучи да ги раскине договорите за општински линиски превоз и за превоз на учениците со линискиот превоз што ги имаше потпишано со превозници од Битола. Значи превозниците ќе возат уште три месеци по старите договори додека не им истече отказниот рок, по што ќе се бара ново решение.

 

Оваа одлука на општината следуваше откако минатата недела спогодбено раскинување на петгодишните договори за бесплатниот школски превоз со општината и средни  училишта во градот побара превозникот „Боби Турс“ од Битола, а потоа и превозниците „Марија Транс“ и „Хера Турс“.

-Општина Битола донесе одлука да ги раскине договорите за општински линиски превоз и за превоз на учениците со линискиот превоз. Согласно одредбите од договорите, даден е отказен рок од три месеци, во кој период повторно ќе се организира повик за општинскиот линиски превоз, стои во одговорот на Општина Битола за апла.мк.

Дел од превозниците до средните уличишта и до Општина Битола доставија  барања во кои бараа предвремено и спогодбено  раскинување на договорите кои имаат важност до 2020 година за бесплатниот школски превоз.

Од „Боби Турс“за апла.мк потврдија бараат предвреме да ги раскинат  договорите за школскиот превоз, од причина што сметаат  дека се доведуваат до нерентабилно работење, како и тоа дека доколку спогодбено не се раскинат договорите тогаш тие се решени да го почекаат рокот кој го диктира договорот, а тоа е три месеци однапред да ги известат барателите на услуги дека се откажуваа од договорот.

Советот на Општина Битола, пак на последната седница  за учениците кои патуваат од места каде нема линиски превоз или се од други општини одлучи  да им бидат надоместени парите, но под услов  да бидат заведени во извештаите на директорите дека присуствувале на настава и да ги зачувале фискалните сметки.

Претседателот на Советот Валентин Груевски рече дека без тие два документи никој законски не може да им исплати пари на ниеден ученик.

-Не можете да му исплатите пари ако нема филскална сметка, нема доказ дека воопшто се возел и дека не бил на настава. Ги поврзуваме тие две работи и ја допрецираме одлуката што ја донесовме минатиот пат, рече Груевски.

Основното јавно обвинителство Битола  потврди дека води истрага за евентуални злоупотреби со петгодишните договори за школскиот превоз меѓу превозниците и Општината, за што најави  соопштение во јавноста.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани