2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

(Видео) „Јовано, Јованке“ ечеше Педагошкиот факултет од песната на Елена и Александар - И лицата со интелектуална попреченост имаат свои таленти

Декември 03, 2018
{YouTube}https://youtu.be/dhxjIFNZP1M{/YouTube}

Елена Петровска и Александар Димитровски, штитеници на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ од Битола, денес пред студентите и професорите на Педагошкиот факултет го покажаа својот талент. Тие во музичка придружба испеаја неколку песни, меѓу кои и македонската народна „Јовано, Јованке“. Аудиториумот беше воодушевен и нивниот труд го награди со громогласен аплауз.

Настапот на Елена и Александар беше дел од настанот „Под ова небо исти сме“, во организација на Центарот „Порака“ и Педагошкиот факултет, по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби.

Во амфитеатарот на Педагошкиот факултет свое обраќање пред студентите и професорите имаа и двајца родители кои од организаторите беа наречени родители- херои. Слободан Велковски и Оливера Петровска зборуваа отворено какви предизвици носи животот со вакви деца, нагласувајќи дека тоа е чиста љубов, зашто тие не знаат да излажат и повредат никого.

„Моето дете доби интелектуална попреченост само од висока температура. Не зборуваше до пет години, потоа со помош на стручни лица и наши заложби почна да напредува. До второ одделение учеше во редовно училиште зашто јас како родител не можев да го прифатам фактот дека моето дете има интелектуална попреченост. Но, на местото каде што учеше не можеше да го добие потребното знаење, не можеше да напредува како другите, наставниците не заеја како да работат со него, не беше прифатен. Одлучив да го запишам во специјалните паралеки. Денес работи во фабрика во Битола. Ги советувам родителите да не ги кријат своите деца, да не се срамат, туку да се гордеат со нив“, рече Велковски.

Оливера Петровска, инаку мајка на Елена која пееше во Педагошкиот факултет, рече дека одгледувајќи ја неа, животот ѝ е полн со љубов.

„Кое друго дете што пораснало секое утро кога се биди си ја бакнува мајката? Таа љубовта преку ноќ што ја добива ми ја дава мене. Многу храброст ми даде во животот. Многу сум среќна кога ќе ја однесам на места кои ги сака, како на пример на концерт на Здравко Чолиќ кој многу го слуша. Пред четири месеци се разболе многу, но со љубовта нејзина добив сила за да ѝ помогнам пак да стане на нозе. Имам за што да живеам. Но, бидејќи морав да ја лекувам, останав без работа, па сега живеам од помош на роднините, а имаме и друго дете. Потребно е државата да ми помогне со работа за да имам од што да ги гледам децата“, рече Петровска.

Педагошкиот факултет се вклучи во настанот зашто таму се едуцираат студенти кои во иднина во образование ќе работат со деца со посебни потреби.

„Ова го организираме од две причини. Прво, затоа што Педагошниот факултет профилира кадар кој во иднина ќе работи со деца и ученици со посебни образовни потреби, особено од насоката социјална и рехабилитациска педагогија. Втората причина е излегувањето од печат на првиот и единствен учебник од таков вид во Македонија на професор д-р Марија Ристевска „Инклузивна педагогија“, понесени од идејата дека целокупниот наставен кадар, не само на Пеладгошниот факултет туку и насекаде треба да биде запознат со оваа проблематика. Овој учебник треба да биде една обврзна лектира и литература за сите студенти кои по дипломирањето ќе можат да одговорат на пазарот на трудот во Македонија“, рече професорката д-р Билјана Граматковски.

По ова следуваше и изложба на дела изработени од штитеници на „Порака“ меѓу кои и тетоважите на Васко Војновски.47294035 1750275628408118 6500508151538778112 n47264339 2264350037122317 2213183857216192512 n

47364946 262067231156317 5097416243732807680 n

47384188 509517522891473 3074104841904062464 n

47389027 1022871377898046 3374050462910119936 n

47204295 374658576603266 2349087707772223488 n

47207765 521376308376043 122953716704739328 n

47299229 273497630181650 1102529366287450112 n

47367286 2184750321740917 7089832189159800832 n

47345715 1142540829255232 779137158035275776 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани